Манчестер јунајтед се налути, за Лукаку бара 90 милиони фунти, а за Погба дури двојно повеќе

by
1 минути читање

Помали стануваат шаните на Интер да го купи Ромелу Лукаку, Манчестер јунајтед ја зголеми сумата која ја бара за него на 90 милиони фунти.

Раководството на Јунајтед оваа одлука ја донело поради случувањата на пазарот и сумите кои нив им ги бараат другите клубови за фудбалерите кои ги сакаат.

Њукасл им побара дури 50 милиони фунти за играчот од средниот ред Лонгстаф кој имаше само девет настапи во Премиерлигата минатата сезона, а Лестер за Мегваер им бара дури 90 милиони фунти.

Од слични причини е зголемена и цената за Погба, за него првично бараа околу 150 милиони фунти, сега 30 повеќе, односно 180 милиони.

Тие се лути и на неговиот агент, Мино Рајола кој јавно кажа дека Погба сака да си замине од Манчестер јунајтед, а тоа влијае на преговорите за негово заминување.

Манчестер јунајтед е решен да игра тврдо на пазарот кога се во прашање неговите фудбалери, останува да видиме дали во наредниот период ќе омекне нивниот став.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани