Манчестер јунајтед се договорил со Антоан Гризман!?

by
1 минути читање

Не е прв пат англиските медиуми да пишуваат дека трансферот на Гризман во Манчестер јунајтед е завршена работа. Овој пат таква сторија има „Сан“.

Според овој цесник, Манчестер јунајтед и Антоан Гризман постигнале согласност за пет годишен договор со неделна плата од 280.000 фунти.

Јунајтед ќе ја плати откупната клаузула за Гризман која изнесува 89 милиони фунти и во летниот преоден рок ќе го донесе францускиот фудбалер на Олд Трафорд.

Останува уште еден месец до почетокот на летниот преоден рок, па со сигурност ќе можеме да знаеме за иднината на Гризман, и дали тој навистина ќе стане фудбалер на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани