Според информациите кои
излегоа во дел од медиумите на Островот, се вели дека португалскиот стратег од
клупата на тимот од „Олд Трафорд“, Жозе Мурињо сериозно ја разгледува опцијата
да го продаде Давид де Геа во Реал Мадрид идното лето.
Шпанскиот голман подолг
период е желба на европскиот и шпански првак кој сака Де Геа да биде прв чувар
на мрежата на клубот во однос на Кејлор Навас.
Сепак, Манчестер
јунајтед има услов за да се реализира оваа опција, а Мурињо тоа ќе го дозволи
само во еден случај, Мадриѓаните да дозволат трансфер на дефанзивецот Рафаел
Варан во англискиот клуб.
Токму Мурињо го доведе
Французинот во редовите на Реал Мадрид во 2011. година од Ленс, а сега сака соработката да продолжи во тимот на
Манчестер јунајтед.