461
Јунајтед имаше лош преоден рок, Жозе Мурињо е незадоволен од трансфер активностите на клубот. Извршниот потпретседател Ед Вудворд е главен за трансферите во моментов, но според „Индепендент“ клубот сака специјализиран спортски директор.
Високо на листата со желби се Мончи од Рома и Фабио Паратичи од Јувентус, но и двајцата би биле тешко достапни да се ангажираат.
Доколку не можат да донесат некој од нив двајца, клубот ќе се фокусира кон пореални цели. Едната е поранешниот голман на Јунајтед, Едвин ван дер Сар кој во моментов работи во Ајакс, опција е и Доменико Тети од Новара, кој го донесе Мауро Икарди во Италија кога работеше во Сампдорија.