Манчестер јунајтед ризикува со Мата, ривал од Премиерлигата може да ја искористи ситуацијата

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед ризикува да го загуби Хуан Мата, а Арсенал е помеѓу
најзаинтересираните клубови за да го ангажира 30 годишниот Шпанец чиј договор
со тимот од Олд Трафорд истекува на лето.

Освен Арсенал,
како заинтересирани екипи за услугите на фудбалерот од средниот ред се
појавуваат и Јувентус, ПСЖ, како и Барселона, сите одблизу ја следат
ситуацијата со Мата кој во април ќе наполни 31 година.

Искусниот Шпанец
има можност уште сега да преговара со заинтересираните екипи за него, а на
Островот денес се истакна неговата поранешна соработка со Унаи Емери во
Валенсија, а моментално, шефот на стручниот штаб на Арсенал, сигурно ќе биде
главен фаворит за неговиот потпис на лето, и тоа како слободен играч на
трансфер пазарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×