Манчестер јунајтед подготвува рекордна понуда за Мегваер, Роџерс им испрати порака

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед ја зголемува понудата за Мегваер, сега на Лестер му нуди 80 милиони фунти за дефанзивецот.

Лестер за англискиот репрезентативец бараше 90 милиони фунти. Брендан Роџерс му вели на Манчестер јунајтед дека клубот си стои на својот став.

„Релаксиран сум во поглед на тоа. Тоа е што е. Фудбалерот се однесува фантастично на тренинзите. Клубот го нема променето својот став во однос на вредноста на фудбалерот“, изјави Роџерс за „Би-Би-Си“.

Има уште една недела од преодниот рок во Англија, тоа го става под притисок Лестер бидејќи ако не го продаде сега за 80 милиони фунти, можеби никогаш нема да добие толку висока понуда. 

Од друга страна и на Манчестер јунајтед очајно му треба дефанзивец од највисок калибар, па можеби оваа ќе биде вистинската понуда која ќе биде прифатена.

Со 80 милиони фунти Мегваер ќе стане најскапиот дефанзивец во светот. Рекордот го држи Ван Дајк за кого Ливерпул плати 75 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×