Откако Нејмар изјави дека еден ден би можел да се пресели во Премиерлигата, тргнаа шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Англија.
„Ми се допаѓа стилот на игра во Англија, еден ден би можел да заиграм таму“ – изјави Нејмар.
Според весникот „Спорт“, Манчестер јунајтед е подготвен да плати 200 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула на Нејмар.
И не само тоа, тие планираат да го направат Нејмар најплатениот играч во Премиерлигата со годишна плата од 25 милиони евра.
„Спорт“ пишува дека тоа е желба на Жозе Мурињо кој постојано е на телефон обидувајќи се да ја реализира својата луда замисла.
И Челси го посакува Нејмар, но весникот смета дека „Сините“ не можат да понудат поголема сума од Манчестер јунајтед.