22 годишниот
Германец оваа сезона има ограничена минутажа, често е на клупата за резерви и
неодамна јавно се пожали дека не му се допаѓа ваквата ситуација.
Неколку клубови
внимателно го следат развојот на настаните на Алианц Арена и се подготвени да
го ангажираат Џошуа Кимих.
Според пишувањата
на Кикер, Манчестер јунајтед веќе остварил контакт со Баерн Минхен и се
распрашувал за можен трансфер на репрезентативецот на „Панцирите“.
Но зделката
воопшто нема да биде лесна, „Баварците“ се познати по тоа што тешко продаваат
играчи, а од следната сезона се очекува Џошуа Кимих да добие повеќе простор за
игра со оглед на тоа дека Филип Лам и Чаби Алонсо одат во пензија.
Кикер исто така
додава дека покрај Манчестер јунајтед, играчот го привлекува вниманието и на
Манчестер Сити, Барселона и Реал Мадрид.