74
Ерик Бејли играше со рака но вон казнениот простор на својот тим, главниот арбитар на мечот не го забележа тоа, па така досуди пенал за домаќините.
Од снимките убаво се забележува дека Бејли играше со рака надвор од шеснаесетникот, па така Габиадини уште во 5. минута од дуелот на „Сент Мери“ доби прилика да погоди од белата точка за водство на домаќините.
Сепак, правдата ја задоволи голманот на гостинската екипа, Аргентинецот Серхо Ромеро кој со одлична парада го одбрани ударот на Италијанецот и за момент го спаси својот тим од почетна негатива на мечот.