Теренот на Транмере беше во фокусот пред мечот, дождот направи ораница, но лошите услови не им пречеа на избраниците на Оле Гунар Солшер. Манчестер јунајтед започна моќно Мегваер со шут од далечина донесе 0-1, Далот погоди за 0-2, а Лингард убаво пласираше за 0-3 по само петнаесетина минути игра.
Фил Џонс зголеми на 0-4 во 41. минута, а пред истекот на првиот дел, Марсијал постигна прекрасен погодок за 0-5.
Во продолжението од мечот, Гринвуд од пенал зголеми на 0-6, а како одминуваше времето, гостите се помалку беа заинтересирани за надигрување и резултатот од 56. минута на крајот се покажа како конечен.
Претходно, пласман во 5. коло од ФА купот обезбеди и Манчестер Сити со триумф од 4-0 над Фулам.