Манчестер јунајтед одигра реми без голови кај Саутемптон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Жозе Мурињо одлучи да му даде шанса на Ромеро од стартот на мечот и не погреши, голманот беше херој на овој натпревар, одбрани пенал и уште неколку убави шанси на Саутемптон.

Најголемото возбудување се случи на стартот кога Ерик Баи играше со рака пред казнетиот простор но судијата Дин покажа на белата точка. Сепак Габиадини не погоди, Серхио Ромеро го одбрани неговот удар.

Манчестер јунајтед имаше неколку прилики, Баи, Руни и Марсијал не искористија можности за гол, Французинот ја погоди и стативата од домашниот гол.

По овој меч Манчестер јунајтед и дефинитивно ќе ја заврши сезоната на шестата позиција на табелата бидејќи во последното коло каков и да биде резултатот на нивниот меч не можат ниту да напредуваат, ниту да паднат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани