Манчестер јунајтед обезбеди четвртфинале, Рома не успеа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед долго време го кршеше отпорот на Ростов, постојано се играше пред голот на рускиот тим, домаќините имаа неколку шанси, Ибрахимовиќ ја погоди и стативата, но гол немаше.

Ростов од време на време преку контра напади го загрозуваше голот на Ромеро кој денеска имаше одлична претстава на голот со неколку добри интервенции.

Манчестер јунајтед конечно даде гол во 70. минута, по една фантастична асистенција на Ибрахимовиќ со пета, Мата постигна гол за водство од 1-0.

Во 94. минута Ростов имаше прилика да изедначи и да го однесе натпреварот во продолженија, но Ромеро имаше уште една супер интервенција за пласман на Јунајтед во четвртфиналето.

Рома со 2-1 го совлада Лион, недоволно за пласман понатаму, францускиот тим е меѓу осумте најдобри.

Лион поведе со гол на Диакабу во 16. минута, Рома со погодок на Стротман и автогол на Тушар го сврте мечот, но не постигна уште еден гол за пласман во четвртфиналето.

Германскиот дуел помеѓу Менхенгладбах и Шалке заврши 2-2. Домаќините прокоцкаа предност од 2-0, па гостите се тие што ќе одат понатаму.

Ајакс со 2-0 го совлада Копенхаген, со истиот резултат Селта славеше на гостувањето кај Краснодар. Генк и Гент одиграа нерешено 1-1.

Бешикташ со 4-1 го совлада Олимпијакос, а Андерлехт со 1-0 го победи АПОЕЛ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани