Манчестер јунајтед не се откажува од Де Геа?

by
1 минути читање

Реал Мадрид планира да купи нов голман, а прва цел на кралскиот клуб е Давид де Геа со кој се поврзуваат секое лето.

Но, информациите од Англија велат дека Манчестер јунајтед не планира да го продаде Де Геа и ќе направи се за тој да остане на Олд Трафорд.

Извор од Јунајтед потврдил дека Де Геа не побарал трансфер ниту пак искажал било какво незадоволство од сегашната титуација.

Нема сомнеж дека Реал Мадрид ќе се обиде да го купи Давид де Геа, но судбината на шпанскиот голман е во рацете на Манчестер јунајтед со кој има договор до 2019 година со опција за продолжување на уште една сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани