Манчестер
јунајтед ја искористи опцијата да го продолжи договорот на Андреас Переира за
дополнителни 12 месеци.
Переира, кој
ланската сезона ја помина во дресот на Валенсија како позајмен фудбалер, имаше
настап на осум натпревари под кормилото на Оле Гунар Солскјер оваа сезона.
Тој ја искористи
големата прилика за докажување во периодот на криза во редовите на
Премиерлигашот поради повредени фудбалери, го постигна и неговиот прв гол во
најсилното англиско фудбалско друштво во победата против Саутемптон од 3-2, а
воедно на истиот меч му асистираше и на еден од двата погодоци на Лукаку.
Переира исто така
одигра клучна улога во неверојатниот пресврт на Манчестер јунајтед во реваншот
против ПСЖ на гостински терен, иако на домашен терен загуби со 0-2, тимот од Олд
Трафорд на гости славеше со 1-3 обезбедувајќи место во четвртфиналето од Лигата
на шампионите.
Допрва претстојат преговори со Бразилецот со белгиски пасош за тој да остане на подолг рок на Олд Трафорд, неговиот договор истекуваше на лето, а Премиерлигашот веројатно не сакаше воопшто да ризикува со него, па ја искористи опцијата која му беше на маса.