Манчестер јунајтед не му понуди нов договор на Ибрахимовиќ

by
0 минути читање

35-годишниот Ибра кога дојде во Манчестер јунајтед се договори за една година со опција за продолжуваање на уште една.

Но, по повредата на лигаментите на коленото која ја заработи во април, Манчестер јунајтед одлучи да не ја искористи опцијата за продолжување на соработката со Швеѓанецот.

Ибрахимовиќ имаше 46 настапи во дресот на Манчестер јунајтед во сите натпреварувања и постигна 28 гола, помагајќи му на тимот да ги освои трофеите во Комјунити Шилд, Лига Купот и Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани