Манчестер јунајтед на Реал му бара двајца играчи во замена за Пол Погба?!

by
1 минути читање

Пол Погба беше
посочен од медиумите како еден од приоритетите на Зинедин Зидан како дел од
реконструкцијата која „кралевите“ ја планираат за летоска.

Самиот играч
призна дека сонува за Реал Мадрид, а потоа и Зинедин Зидан ги подгреа гласините
со своите коментари.

„Ми се допаѓа
Погба многу. Го знам лично, тој е поинаков тип на играч, малкумина се како
него. Тој е фудбалер од средниот ред кој знае да игра во одбрана, знае да игра
во напад, знае како да се снајде на секој дел од теренот. Па доколку еден ден
реши да замине од Манчестер јунајтед, вратите на Реал Мадрид се отворени“

порача тренерот на „кралевите“.

Според пишувањата на Мирор, Манчестер јунајтед е подготвен да го продаде Пол
Погба на Реал Мадрид само доколку за возврат добие двајца играчи, и тоа Герет
Бејл и Тони Крос.

Целата ситуација
ја прокоментира и Оле Гунар Солскјер, кој вели дека Пол Погба е среќен на Олд
Трафорд и само културно одговарал на прашање од новинарите.

„Не ми се допаѓа
кога играчите зборуваат за други клубови, но тоа се случи додека беше на
должност со репрезентацијата. Се работи за една друга околина, играчите се
попристапни“
– вели тренерот на Манчестер јунајтед.

„Погба е фин и
културен човек, одговори прашање поврзано со Зидан, кој е икона во Франција и
фантастичен тренер. Одговори клутурно на тоа прашање. Јас можам да кажам дека
Пол е среќен тука и тој ќе биде важен дел од проектот кој го креираме“.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на БетАдриа и добиј до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×