Манчестер јунајтед конечно мрдна од шестата позиција (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тимот на Мурињо конечно го напушти шестото место и успеа да напредува на табелата. Манчестер јунајтед го искористи киксот на Арсенал и се искачи на петтата позиција.

Без Ибрахимовиќ и Погба, Манестер јунајтед добро се снајде на гостувањето кај Мидлзборо. Црвените ѓаволи имаа повеќе шанси за гол, а доколку Рашфорд беше во подобра форма и победата ќе беше поубедлива.

Резултатот беше отворен во 30. минута кога по асистенција од Јанг, Фелаини со глава постигна гол за водство од 1-0.

По 15 минути игра во вториот дел, Лингард постигна прекрасен гол за предност од 2-0.

Но во 77. минута Гестед се најде во одлична позиција и му даде гол на Де Геа меѓу нозе. Мидлзборо се врати во живот и тргна кон израмнување.

Во 93. минута Виктор Валдез направи огромна грешка, се лизна на една вратена топка од негов играч, Валенсија ја пратеше ситуацијата и не му беше тешко да реализира на празен гол за конечни 3-1.

Манчестер јунајтед сега е на петтата позиција со два бода предност пред Арсенал кој ризикува оваа сезона да не ја заврши меѓу најдобрите четири.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани