Манчестер јунајтед ќе удри по џебот на ѕвездите доколку не биде обезбеден настап во Лигата на шампиони

by
1 минути читање

Како што пренесува „Сан“ во договорите на фудбалерите има клаузула според
која платата може да им биде намалена и до 25% во случај да не се избори настап
во Лигата на шампионите.

Ова е еден начин за заштита на Манчестер јунајтед со оглед на тоа дека Лига
Европа носи далеку помали приходи и така буџетот полесно ќе се балансира.

„Ѓаволите“ беа далеку од топ четири кога во декември Жозе Мурињо заработи
отказ, но по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер работите се променија, клубот од
Олд Трафорд сега е многу блиску до ривалите и до крајот на сезоната ќе има
голема битка за последните две позиции кои носат настап во најелитното европско
натпреварување.

„Сан“ исто така додава дека евентуално намалување на платите може да
придонесе дел од ѕвездите да бидат примамени за заминување. Прв кој се посочува
е Пол Погба, Французинот е желба на неговиот сонародник Зинедин Зидан за новиот
проект на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×