441
Медиумите често
пишуваат за тоа кој ќе го засили Манчестер јунајтед по крајот на сезоната, а
денешното издание на Индипендент пренесува дека клубот од Олд Трафорд ќе плати 200
милиони евра за двајца напаѓачи.
Весникот пишува
дека Антоан Гризман не е единствениот голгетер кој Жозе Мурињо сака да го
донесе.
Интересот на
„Црвените Ѓаволи“ за Французинот е добро познат, планот е да се активира
неговата откупна клаузула вредна 100 милиони евра.
И вториот напаѓач
кој е желба на „Специјалниот“ исто така има откупна клаузула од 100 милиони
евра.
Се работи за
голгетерот на Торино, Андреа Белоти кој има одлична сезона во Серија со 25
погодоци зад своето име.