Манчестер јунајтед ќе ја освои Премиерлигата пред Сити поради временските услови!

by
1 минути читање

Бартон смета дека Јунајтед има предност во трката пред сити поради Жозе Мурињо но и поради ладното време во дел од сезоната. Тој смета дека Бразилците и Аргентинците во Сити потешко се прилагодуваат на ладното време и тоа може да се покаже како клучно.

„Мислам дека Јунајтед ќе ја освои титулата. Главно поради тоа што нивниот тренер е сериски победник и знае како да победува“ – вели Бартон.

„Исто така мислам дека кога времето ќе стане ладно и кога ќе дојде збиениот распоред, Манчестер јунајтед психолошки подобро ќе се снајде“.

„Ако се сеќавате, Сити минатата сезона стартуваше фантастично и потоа дојде ладното време каде што почнаа да губат бодови“.

„Мислам дека на Јужноамериканците не им се допаѓа ладното време и имаат проблем кога тоа ќе дојде“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×