Манчестер јунајтед ја освои Лига Европа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед ја освои Лига Европа, англискиот тим покажа дека е поквалитетен и подобар тим од Ајакс и лесно, рутински дојде до големиот европски трофеј.

Ајакс имаше неколку импресивни партии во Лига Европа до пласманот во финалето, но Мурињо добро ја проучил нивната игра, па холандскиот тим не можеше да го игра својот фудбал во Стокхолм.

Манчестер јунајтед ја презема иницијативата уште од самиот старт, а резултатот беше отворен во 18. минута со гол од Погба, на патот до мрежата топката удри еден од одбрамбените играчи, го измами голманот на Ајакс и влезе во голот. 

По негативата Ајакс се обидуваше да дојде до изедначување, но Манчестер јунајтед го имаше натпреварот под целосна контрола.

Водството беше дуплирано по три минути игра во второто полувреме кога Смолинг со глава спушти една топка, Мхитаријан мудро од непосредна близина постигна гол за водство од 2-0.

До крајот на мечот момците на Жозе Мурињо ја чуваа предноста, не му дозволуваа на Ајакс да создава шанси, а од контра напади се обидуваа да постигнат и трет гол, сепак два беа доволни за победа.

На крајот Манчестер јунајтед заслужено се радува на трофејот од Лига Европа, ова е победа која му носи пласман и во Лигата на шампионите следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани