По Вест Хем, Манчестер јунајтед го почасти и Свонси со четири парчиња, тимот на Жозе Мурињо изгледа страшна на почетокот од новата сезона во Премиерлигата.
Сепак на Јунајтед не му беше лесно да го скрши отпорот на домаќинот, првиот гол падна во 45. минута, Лукаку биеше со глава, ја погоди пречката а одбиената топка од гол линијата во мрежата ја протина Баи.
Јунајтед доминираше во текот на целиот меч, а Свонси се обидуваше од контра напади да го загрози голот на Де Геа.
Во 80. минута по асистенција од Мхитарјан, Лукаку постигнува гол за 2-0, со што ги реши сите дилеми околу победникот.
Само две минути подоцна нова убава асистенција на Мхитарјан, овој пат до Погба кој убаво со лоб го совлада Фабиански за 3-0.
Конечните 4-0 ги постави Марсијал кој по една убава соло акција постигна нов гол и стави печат на мечот.
По две кола Манчестер јунајтед има шест бода со дури осум постигнати гола и ниту еден примен.