Манчестер јунајтед испрати скаути за Дембеле, видоа само еден шут од напаѓачот

by
1 минути читање

Оле Гунар Солшер
е во проблеми, повредите во тимот си го сторија своето, а тимот од „Олд Трафорд“
остана без достојна замена за Ромелу Лукаку во нападот, „Црвените ѓаволи“
дополнително беа погодени од повредата на Марсијал кој беше прекомандуван во
нападот оваа сезона.

Така, во
Манчестер јунајтед се убедени дека потребни се нови опции за јануарскиот
преоден рок што се однесува во поглед на засилувањата во поглед на нападот, а
опција е Муса Дембеле, напаѓачот на Лион.

Дембеле и
Манчестер јунајтед не е нешто ново, но, како што пренесе „Дејли мејл“,
Премиерлигашот испратил скаути за да ја следат играта на 23 годишниот напаѓач
на гостувањето кај Сент Етјен синоќа, но, немаа што да видат многу од
напаѓачот.

Бразилскиот шеф
на стручниот штаб на Лион се реши Дембеле да го пресели на клупата за резервни
фудбалери, па тој во игра влезе дури во 59. минута, а до крајот на пресметката
која заврши со минимална победа на домаќините, Дембеле упати само еден удар во
рамките на противничкиот гол.

„Спортсмејл“ уште
од претходно навести дека Манчестер јунајтед ќе тргне по Дембеле, кој во новата
сезона постигна шест погодоци, во моментов заостанува еден гол зад лидерот на
листата на стрелците во „Лиг 1“, Осимхен од Лил, а има важечки договор со Лион
до 2023. година, што му дава на францускиот прволигаш убава позиција во
евентуалните преговори со Премиерлигашот во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×