Манчестер јунајтед испрати понуда за Бруно Фернандеш, но доби „корпа“ поради една причина

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед испратил понуда од 35 милиони фунти за Бруно Фернандеш, но Спортинг Лисабон го одбил таквиот предлог.

Причината за одлуката на Спортинг да не ја прифати понудата на Јунајтед е тоа што Португалците чекаат и други, поголеми понуди. Очекуваат наддавање за Бруно Фернандеш и се надеваат дека неговата цена ќе достигне двојно повеќе, околу 70 милиони фунти.

Се очекува Манчестер јунајтед да се врати со подобрена понуда.

Во летниот преоден рок англискиот клуб ги комплетираше трансферите на Даниел Џејмс (18 милиони фунти) и Арон Ван Бисака (50 милиони фунти). Ед Вудворд најави уште засилувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани