115
Жозе Мурињо имаше жестоки критики за состојбата на теренот во Ростов, но УЕФА сметаше дека има услови да се игра натпреварот.
„Тешко ми е да верувам дека ќе играме на тој терен, ако воопшто може да се нарече терен. Имав контакт со еден господин од УЕФА кога го гледав теренот, му кажав дека сум загрижен, а тој ми одговори, фудбалерите се осигурани, па ако се случи нешто, нема да биде проблем“ – изјави Мурињо пред натпреварот во Ростов кој заврши 1-1.
За УЕФА теренот беше добар, но за Руската фудбалска федерација не е. Тие му соопштиле на Ростов дека нема да може да ги игра натпреварите на домашен терен на тој стадион се додека не се поправи теренот.