Манчестер јунајтед има вербален договор со Гризман

by
0 минути читање

Веќе подолго време се шпекулира дека Антоан Гризман ќе се пресели во Манчестер јунајтед, се чини дека тоа би можело да се случи идното лето.

Англискиот весник „Индепендент“ тврди дека Манчестер јунајтед веќе постигнал договор со Гризман кој сака преселба на Олд Трафорд.

Биле договорени личните услови, висината на неделната плата, а од клубот му го ветиле и бројот седум. Легендарната седмица во Манчестер јунајтед која сега ја носи Депај.

Доколку Манчестер јунајтед не успее да се договори со Атлетико Мадрид, клубот ќе ја активира откупната клаузула на Гризман која изнесува 100 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани