Манчестер јунајтед и Милан ривали во битката за потписот на Ракитиќ

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед и Милан водат голема битка за фудбалерот од средниот ред на Барселона,
Иван Ракитиќ, па иако Хрватот често беше поврзуван со Интер, изминативе неколку
денови се споменува Милан.

Актуелниот
важечки договор на Ракитиќ со Барселона истекува во 2021. година, а во новата
сезона Хрватот забележа само пет настапи во Примера, од поодамна се шпекулира
дека е на излезна врата од „Камп Ноу“.

„Калчомеркато“
тврди дека Ракитиќ е пред заминување од Барселона во периодот кој претстои, а
еден од повисоките челници во Милан, Звонимир Бобан веќе има јасни намери околу
евентуалниот трансфер на неговиот сонародник во редовите на „Росонерите“.

Милан сака да
внесе искуство во својот состав, а веќе имал и остварено контакт со
претставниците на Ракитиќ, засега понуда нема, меѓутоа постои намера.

Од друга страна
пак, Манчестер јунајтед веќе е во преговори со Барселона околу можноста да се
пронајде заеднички јазик за потенцијалниот трансфер на Ракитиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×