Манчестер јунајтед и Манчестер Сити во битка за Нејмар

by
1 минути читање

Англискиот медиум објавува сторија дека таткото на Нејмар го советувал својот син да ја напушти Барселона и да се пресели во Премиерлигата.

Таквиот совет му е даден со цел да излезе од сенката на Лионел Меси кој додека игра секогаш ќе биде прва ѕвезда во Барселона.

Ваквите информации им даваат надеж на најбогатите екипи од Англија дека можат да го добијат потписот на Нејмар.

Манчестер јунајтед и Манчестер Сити се подготвени да дадат и 100 милиони фунти за Бразилецот, кој има кажано дека сака да работи со Пеп Гвардиола.

„Гвардиола е човек кој навистина го почитувам и со кој би сакал да работам“ – изјави Нејмар во минатото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани