293
Познати се сите
патници во полуфиналето од Лига Купот, вечерва на Астон Вила и се приклучија
Манчестер јунајтед, Манчестер Сити и Лестер.
„Ѓаволите’ немаа
проблеми дома со четвртолигашот Колчестер. Гостите добро се бранеа во првиот
дел, но попуштија во продолжението и загубија со 3-0. Рашфорд го отвори
резултатот, потоа следуваше автогол на Џексон а Марсијал го постави конечниот
резултат.
Највозбудливо
беше на Гудисон Парк каде Лестер водеше 0-2 на полувреме, домаќините
изедначија, но гостите на пенали се пласираа помеѓу четирите најдобри.