Ромелу Лукаку со
месеци се поврзува со преселба во Интер, „нероаѕурите“ доставија неколку
понуди, но сите беа одбиени, Манчестер јунајтед за Белгиецот бара 85 милиони
евра и не прави компромиси.
Во последно време
се говори дека и Јувентус се приклучува во трката за потписот на напаѓачот, и
„старата дама“ има ас во ракавот, односно Пауло Дибала.
Потпретседателот
на „бјанконерите“, Павел Недвед синоќа навести заминување на Аргентинецот и
откри дека има одреден интерес и понуди за популарниот „Ла хоја“.
Сега неколку
извори од Италија најавуваат спектакуларна размена помеѓу Манчестер јунајтед и
Јувентус со која Ромелу Лукаку ќе заврши во Торино а Пауло Дибала на Олд
Трафорд.
Со оглед на тоа
дека „старата дама“ го проценува Аргентинецот на 100 милиони евра, а Манчестер
јунајтед го цени Белгиецот на 85 милиони евра, „ѓаволите“ ќе треба и да
доплатат 15 милиони евра.
