Манчестер јунајтед и Де Хеа се разделуваат, „ѓаволите“ веќе бараат нов голман во Барселона и Реал

by
1 минути читање

Шпанецот има само
уште една година од договорот и преговорите за продолжување тапкаат во место. Според
новинарот Данкан Каслс, извршниот директор Ед Вудворд го информирал Давид Де
Хеа дека тие немаат намера да му ги исполнат барањата и да го направат
најплатен играч на Олд Трафорд, односно да го изедначат со Алексис Санчез.

Па „ѓаволите“ се
свесни дека се поизгледна е ситуацијата летоска тие да го продадат голманот и веќе
бараат замена.

Според Данкан
Каслс, Манчестер јунајтед остварил контакти со неколку клубови и се распрашувал
за нивните голмани, а било разговарано и со агенти за да се опипа пулсот.

Како опција за
Манчестер јунајтед се посочува Јаспер Силесен од Барселона и Кејлор Навас од Реал Мадрид. Двајцата немаат
првотимски статус во своите клубови и летоска ќе заминат во потрага на поголема
минутажа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×