Манчестер јунајтед и Ајакс во финалето од Лига Европа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед добро се испоти за да се пласира во финалето од Лига Европа, Селта може да жали што не направи изненадување на Олд Трафорд.

Шпанскиот тим одигра борбено, имаше повеќе шанси за гол но само еднаш ја затресе мрежата на Ромеро.

Манчестер јунајтед поведе во 17. минута со гол на Фелаини по асистенција од Рашфорд, предноста ја чуваа до финишот од мечот, но не ја сочуваа.

Во 85. минута Ронкаља со глава постигна гол за изедначување на резултатот на 1-1.

Неколку минути подоцна се случи инцидент по кој беа исклучени Баи и Ронкаља. Селта имаше доволно време да даде и втор гол, промаши една голема шанса пред судискиот свиреж, па Манчестер јунајтед може да биде среќен што дојде до финале.

На Лион му фалеше уште еден гол за да ја анулира негативата од првиот меч, победи со 3-1.

Ајакс го отвори мечот во 27. минута со погодок на Долберг, а во самиот финиш на првото полувреме Лаказет постигна два гола за комплетен пресврт.

Се играше офанзивно, и двете екипи имаа шанси за гол. Лион напаѓаше пожестокот, Гезал во 81. минута зголеми на 3-1, но тоа беше и конечниот резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани