162
„Волците“ по втор
пат им го зедоа скалпот на „ѓаволите“. Откако ги елиминираа во ФА Купот,
вечерва ги совладаа и во Премиерлигата и им нанесоа удар во битката за топ
четири пласман.
Па разочарувањето кај навивачите е огромно а тие дополнително беа разбеснати од
однесувањето на двајца играчи. Во последните мигови од мечот, камерите ги
уловија Серхио Ромеро и Маркос Рохо како зад грбот на Солскјер на клупата си
смеат и шегуваат додека нивниот тим губи на теренот.
Фановите веднаш
го изразија својот револт на социјалните мрежи, пишуваат дека ваквото
однесување е срамно и бараат двајцата Аргентинци да бидат продадени.

