Манчестер јунајтед го загуби трпението, Марсијал парично казнет и ставен на продажба?!

by
1 минути читање

Французинот ја напушти турнеата во САД за да се врати дома и да присуствува на породувањето на неговата девојка. Тој потоа на социјалните мрежи се пофали дека добил син, но оттогаш му се губи трага и глас.

Антони Марсијал не се врати во САД за да продолжи со подготовките а Жозе Мурињо по мечот со Реал Мадрид утрово изјави дека не знае каде е младата ѕвезда.

Медиумите од „Островото“ сега шпекулираат дека ваквиот испад скапо ќе го чини играчот, Манчестер јунајтед ќе го удри по џебот и ќе го казни со две плати или 180.000 фунти.

Исто така Антони Марсијал ќе биде ставен на продажба, наводно Жозе Мурињо смета дека тој не е доволно ментално силен за да игра под негово водство.

„Ѓаволите“ бараат 70 милиони фунти за неговите услуги и со тие пари потоа ќе тргнат по дамнешната желба, Иван Перишиќ од Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×