Манчестер јунајтед го победи Милан по 26 пенали (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На „Стабхаб
Центар“ во Карсон, предградие на Лос Анџелес, Манчестер јунајтед и Милан утрово се
сретнаа во рамките на Интернационалниот куп на шампиони.

Мечот стартуваше
со возбудувања, Алексис Санчез го отвори резултатот во 12. минута откако
избегна една офсајд стапица, а само 180 секунди Сусо врати во иста мера и ја
искористи некоординираноста на одбраната на „Ѓаволите“ за да изедначи на 1-1.
 

Но двата тима
како да застанаа тука, во продолжението немаше толку многу шанси, па победникот го донесе пенал серијата, каде се шутираше
дури 26 пати. Голманот на Манчестер јунајтед, Жоел Переира промаши од белата
точка но одбрани три удари и помогна неговиот тим да слави со 9-8.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×