„Ѓаволите“ играат
под очекувањата на стартот од сезоната, забележаа неколку разочарувачки резултати,
и по синоќешното реми на Олд Трафорд против Арсенал, испишаа нова негативна
историја.
Манчестер
јунајтед го има најлошиот старт во последните 30 години односно во ерата на Премиерлигата, со девет бодови од
првите седум кола, за прв пат по сезоната 1989/90 немa двоцифрен учинок.
Оле Гунар Солшер
сепак останува оптимист, вели дека видел многу позитивни работи кои му даваат
доверба, објаснува дека на одредени натпревари заслужиле повеќе и ги обвини медиумите дека ги
преувеличуваат проблемите.
„Има многу работи кои ми даваат доверба. Можеме да зборуваме за нашата игра, но
знам дека резултатите се бројат. Секако, вие ќе речете дека резултатите не се добри, но
јас би кажал дека прикажавме добри перформанси на шест од седум меча. Одигравме
под можностите само против ВестХем, не сме толку лоши како што вие пишувате“ –
вели Норвежанецот.
„На колку
натпревари имавме водство од 1-0 и не го постигнавме тој втор гол за предвреме
да ги осигураме трите бода? Учиме со секој натпревар, ќе продолжиме да работиме
напорно, и како ќе се здобиваме со поголемо искуство, ќе носиме подобри одлуки.
Водевме 1-0 против Арсенал, Саутемптон, Вулверхемптон, треба да научиме да
победуваме на вакви натпревари“.