424
Според „Скај Спорт Италија“, нова рунда на преговори ќе следува денеска меѓу Интер и Манчестер јунајтед.
Англискиот тим сега бара повеќе од 15 милиони евра за целосен откуп на Санчез откако ќе помине годишната позајмица.
Но, Јунајтед бара Интер да му го плаќа и поголемиот дел од платата додека тој игра кај нив како позајмен фудбалер. Првичниот договор беше двата клуба да плаќаат по пола.
Дополнително, „Газета дело Спорт“ пишува дека Санчез нема да ја има седмицата во Интер, тој ќе го носи дресот со број 11, а бројот 7 оди кај Икарди кој веројатно ќе остане.
И покрај сите промени, се верува дека Интер ќе го ангажира Санчез и тој утре ќе биде во Милано на медицински прегледи.