Манчестер јунајтед е пред потпис со Бруно Фернандеш, Спортинг мора да продава

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед уште од времето на Жозе Мурињо се поврзува со Бруно Фернандеш но се чини дека овој пат трансферот конечно ќе се случи.

Зборувајќи во последната епизода од подкастот „Трансфер Ток“, новинарот Филипе Диас даде интересни информации поврзани со оваа зделка. Спортинг Лисабон е во финансиска криза и мора да продава.

„Приказната досега е дека Јунајтед овој пат е навистина блиску до Бруно Фернандеш. Според нас преговорите меѓу двата тима се во завршна фаза и договорот може да биде склучен за неколку дена или дури и за неколку часа, на Спортинг му требаат пари и мора да продава“, вели Диас.

„Ситуацијата се промени од минатото лето. Спортинг не прифати понуда од Тотнем од 70 милиони евра која требаше да биде плаќана на две рати, прво 40, па потоа 30“.

„Но сега ќе прифатат 70 милиони евра, на неколку рати. Јунајтед е клуб кој навистина го сака Бруно Фернандеш и тој сака да игра таму“.

„Преговорите се интензивни во последните неколку дена и очекуваме дека наскоро трансферот ќе биде комплетиран“.


БетАдриа викенд типови: И Тотенхем и Ливерпул постигнувале голови на последните пет меѓусебни мечеви

Можно е и ова да ти се допаѓа

×