Манчестер јунајтед е во потрага на нов голгетер, и прва цел им беше Антоан
Гризман од Атлетико Мадрид.
Но „Црвените Ѓаволи“ ќе треба да се насочат кон други цели откако Судот за
спортска арбитража ја потврди забраната за трансфери, па „Колчонероси“ нема да
можат да донесат нови играчи ова лето, и Антоан Гризман не сака да го остави
својот тим на цедило.
Ромелу Лукаку е алтернатива, но со чини дека Белгијанецот ќе заврши во
Челси, па Жозе Мурињо на друго место ќе треба да го бара новиот напаѓач.
Според Скај Италија, Манчестер јунајтед доставил понуда до Реал Мадрид
вредна 60 милиони евра за услугите на Алваро Мората.
„Кралевите“ одговориле негативно и порачале дека бараат 90 милиони евра за
Шпанецот.
Скај Италија додава дека Андреа Белоти од Торино е уште една опција, но и популарниот
„Петел“ нема да биде ефтин, напаѓачот има откупна клаузула од 100 милиони евра.