Возбудлив меч на
Брамал Лејн, Шефилд јунајтед водеше 2-0 против Манчестер јунајтед, па следуваше
голем кам-бек на гостите, за во 91. минута домаќините да се изборат за бод.
„Сечилата“ беа
подобар противник во првиот дел и на пауза заминаа со предност од 1-0 со голот
на Флик во 19. Минута. Џонс изгуби дуел пред својот шеснаесетник додека ја градеше
топката, судијата одлучи дека дуелот било рамо со рамо, а Шефилд јунајтед знаеше
како да ја искористи укажаната шанса и да поведе со 1-0.
На стартот од
вториот дел, Мусе донесе 2-0. Французинот прецизно биеше од врвот на
шеснаесетникот за дуплирање на водството. Сепак, потоа следуваа фуриозни седум
минути на „ѓаволите“.
Вилијамс намали
во 72. минута, Гринвуд изедначи на 2-2, а кам-бекот го комплетираше Рашфорд во
77. минута.
Но една
неодлучност во одбраната овозможи Шефилд јунајтед да се избори за бод. Гостите оставија
многу простор во 91. минута кога Мекбарни казни и погоди за 3-3.