Манчестер јунајтед бил толку многу очаен што понудил дури 60 милиони за Халанд иако можел да го купи и со 20 милиони?!

by
1 минути читање

Борусија Дортмунд
во јануари реализираше голем трансфер откако ја доби битката за перспективниот
Ерлинг Халанд. Норвежанецот со одличните настапи во Салцбург го привлече
вниманието на многу клубови, а сериозен интерес пријави и Манчестер јунајтед.
Оле Гунар Солшер лично го убедуваше неговиот сонародник да се пресели на Олд
Трафорд но „ѓаволите“ на крајот извисија.

Имаше најразлично
стории за неуспехот, најчесто прстот беше вперуван кон Мино Рајола и неговите барања за висока
провизија, откупна клаузула како и процент од следниот трансфер.

Според пишувањата
на Билд, Манчестер јунајтед во еден момент од преговорите толку очајно го
посакувал Ерлинг Халанд па понудил дури 60 милиони евра, сума која била три
пати поголема од откупната клаузула на играчот.

Весникот објаснува
дека од овие 60 милиони евра, 20 милиони биле наменети за откупната клазула, неколку
десетици милиони требале да завршат во касата на Салцбург за клубот да го
принуди Ерлинг Халанд да го одбере Олд Трафорд, а неколку десетици милиони евра
за напаѓачот и неговото семејство како стимул повеќе да ја продолжи кариерата
во Манчестер.

Билд исто така додава
дека Ерлинг Халанд немал да заврши во Борусија Дортмунд доколку парите биле
главниот фактор при одлуката, и напаѓачот се преселил на Сигнал Идуна Парк
бидејќи никој друг клуб не му понудил подобар спортски проект.

Малку делува
нелогично тоа што Манчестер јунајтед понудил 60 милиони евра кога можел да го
купи играчот за 20 милиони евра, но и Борусија Дортмунд плати многу повеќе со
оглед на тоа дека агентот Мино Рајола „лапна“ 15 милиони провизија, а на
играчот и неговото семејство им беше исплатена премија од околу 8 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×