Ајакс синоќа режираше големо изненадување, го совлада Јувентус среде Торино и се пласираше помеѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите.
За разлика од осминафиналето, кога Кристијано Роналдо ја спаси „Старата дама“ со хет-трик против Атлетико Мадрид, погодокот на ЦР7 вчера не беше доволен.
Разочарувањето на лицето на Португалецот беше видно, но тој не ги удостои медиумите со коментар и без да даде изјава помина покрај новинарите во микс зоната.
Сепак, попладнево се огласи неговата мајка, која откри дел од разговорот која го имала со својот син.
„Немаа среќа. Роналдо постигнал гол, но тоа не беше доволно. Тој беше тажен по елиминацијата, сакаше да игра ново финале. Ќе се обиде да го стори тоа следната сезона. Ми кажа, „Мамо, јас не правам чуда“ и тоа е точно“ – вели Долорес Авеиро.