83
Давид Бабунски од Барселона направи трансфер во Црвена звезда, каде по неуспешната авантура се пресели во Јапонија. Во меѓувреме често се шпекулираше дека е мета и на Динамо Загреб, но никогаш не се појави информација дека имало нешто конкретно.
Сега Здравко Мамиќ во интервју за „Арена“ открива дека македонскиот фудбалер тренирал со Динамо Загреб, но не задоволил.
„Не можам да кажам детали, но тој тренираше со нашиот втор тим. Мислам дека нашите тренира проценија дека не е фудбалер за Динамо Загреб“ – одговори Мамиќ на прашањето дали можеле да го ангажираат Давид Бабунски.