По крајот на натпреварот помеѓу Барселона и Валенсија, Феран Торес го праша Гиорги Мамардашвили зошто останал на Местаља наместо да се пресели во Ливерпул, голманот му одговори со еден збор.
Во неделата, Барселона со убедливи 7-1 ја совлада Валенсија, а по крајот на натпреварот, пријателски разговор имаа Георги Мамардашвили и Феран Торес, кој е дете на „лилјаците“.
Шпанецот сакаше да знае зошто голманот останал на Местаља и покрај тоа што беше договорен негов трансфер во Ливерпул вреден околу 35 милиони евра.
„Зошто не замина оваа година?“ – праша Феран Торес, а Георги Мамардашвили одговори со само еден збор: „Алисон“.
Vídeo de @DAZN_ES:
— Radio Taronja (@RadioTaronja_) January 27, 2025
La conversación entre MAMARDASHVILI y FERRAN TORRES al terminar el partido: «¿Por qué no te fuiste este año?». pic.twitter.com/sO3KwNVQF0
Очигледно Георги Мамардашвили не сакал да биде резерва на Алисон Бекер, кој се уште е неприкосновен помеѓу стативите на Енфилд, па го стави на пауза трансферот во Ливерпул.
Оваа одлука имаше влијание и врз нашиот Столе Димитриевски, кој минатото лего го напушти Рајо Ваљекано и се пресели во Валенсија со намера да биде број 1 на Местаља, но сега е само втор избор откако Георги Мамардашвили реши да остане уште една сезона.