739
Гиорги Мамардашвили минатото лето потпиша за Ливерпул но остана уште една сезона во Валенсија каде сега настапува како позајмица.
Се веруваше дека Алисон ќе замине од Ливерпул по крајот на оваа сезона, но бразилскиот голман брани во голема форма, па реално е сценариото да остане на Енфилд.
Мамардашвили не знае дали ќе биде прв голман на Ливерпул, но ветува дека максимално ќе се бори за тоа да се случи.
„Ќе одам во Ливерпул да се борам за местото број еден на голманската позиција“, вели Мамардашвили.
„Одам таму за да тренирам најдобро и не знам што ќе одлучат тие потоа. Јас не одлучувам кој ќе брани а кој нема да брани“.