1,3K
„Старата Дама“ им
се врати на победите откако вечерва пред своите фанови славеше над Кротоне со
3-0.
Отпорот на
гостите беше скршен во вториот дел, Марио Манџукиќ донесе предност за Јувентус
од 1-0 во 52. минута.
По еден час игра
пристигна и најубавиот потег на вечерта, Де Шиљо начека еден „отпадок“ на 20
метри и ја искина мрежата на Кротоне за својот првенец во Серија А и воопшто во
кариерата.
Конечниот
резултат беше дело на Бенатија, кој десетина минути подоцна се запиша во
листата на стрелците.