Малме не го заборави Ибрахимовиќ, фановите упатија интересна порака до Златан (ФОТО)

by
1 минути читање

Швеѓанецот
заработи тешка повреда минатата недела на дуелот со Андерлехт и прогнозите не
се добри.

Се верува дека
Златан Ибрахимовиќ го има оштетено средниот вксретен лигамент и задниот вкрстен
лигамент на коленото па го чека долга пауза.

Напаѓачот би
требал да се врати на терените дури на почетокот од 2018, и неговата кариера во
Манчестер јунајтед веројатно веќе е завршена.

Големи се шансите
Златан Ибрахимовиќ следната година да заигра во МЛС, но доколку не биде фит и
за првенството на САД, тој ќе може да се врати во родниот град.

Фановите на Малме
не го заборавија својот херој и упатија интереса порака до „Ибракадабра“.

„Оздрави брзо
Златан – во првенството на Шведска можеш да играш и со едно колено
– гласеше транспарентот кој беше
објавен на вчерашниот дуел со Ѓургарден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани