Малку публика на историскиот меч на Шкендија во Конференциската лига (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Шкендија оваа сезона испиша историја, првпат игра во главната фаза од едно натпреварување, успех што го направил само уште Вардар, но постеноста на првиот домашен меч на тетовскиот клуб е разочарувачка.

Шкендија во првото коло играше на гости кај Рајо Ваљекано, а вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ го играат првиот домашен меч, противник е Шелбурн.

Скапите билети (од 500 до 800 денари) го направија своето, малку публика има вечерва на Националната арена да го поздрави тимот на Шкендија кој ја игра најуспешната сезона од своето постоење.

Шелбурн не е звучно име, но се очекуваше дека повеќе навивачи на Шкендија ќе дојдат да му дадат поддршка на својот тим без разлика на името на противникот.

На стадионот има околу 150 навивачи на Шелбрун, нешто повеќе има во навивачката група на Шкендија. А премногу разретчено е на јужната и северната трибина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×