Малку надеж за Реал, ПСЖ одлучил: Само еден играч е недопирлив!

by
1 минути читање

Реал Мадрид веќе
испрати три деманта по сториите кои го поврзуваа со ангажман на Нејмар и Килијан
Мбапе, но и покрај тоа медиумите се убедени дека Бразилецот и Французинот
остануваа опции на Флорентино Перез за наследник на Кристијано Роналдо.

ПСЖ не е клуб кој
продава, па „Кралевите“ нема да имаат лесна задача кога ќе се решат да тропната
на вратата на „Светците“. Сепак, последните стории носат малку надеж за шампионот
на Европа.

Онда Серо повикувајќи се на извор близок до Фудбалската федерација на Катар,
пренесува дека ПСЖ само Килијан Мбапе го смета за недопирлив и ќе ги одбие сите
понуди кои ќе пристигнат за младиот Французин.

Што се однесува
до Нејмар, последниот збор ќе го има тренерот Томас Тухел, кој би можел да даде
зелено светло за продажба на Бразилецот и потоа парите кои ќе ги добие да ги
инвестира за да се донесе негова замена, но и засилувања за средниот ред и
одбраната.

Доколку биде
продаден Нејмар, една од опциите за негов наследник во Париз е Пауло Дибала од Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×