Малку добри вести за Гвардиола, Агуеро ќе се врати на терените побрзо од очекуваното

by
1 минути читање

Напаѓачот на Манчестер Сити синоќа беше инволвиран во сообраќајна несреќа во Амстердам, таксито со кое патувал кон аеродромот по концертот на Малума се заби во столб.

Првичните прогнози говореа дека Кун Агуеро ќе паузира со месеци, и ова беше нов шок за Пеп Гвардиола откако вчера левиот бек Бенџамин Менди дозна дека ги скинал вкрстените лигаменти на коленото и најверојатно сезоната за него е завршена.

Сепак, вечерва доаѓаат малку позитивни вести за „Граѓаните“, повредата на Аргентинецот не е толку сериозна како што се мислело во прв момент и тој ќе паузира помеѓу две и четири недели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани